Вистинската болка на Европа
Дефлацијата не е толку лоша како што повеќето луѓе мислат, лошите долгови сепак се проблем. Ова го тврди лондонскиот аналитичар Метју Лин. Материјалот е објавен непосредно пред Европската централна банка (ЕЦБ) да одлучи какви се следните чекори за борба против феноменот.
"Опасноста од дефлација е толку загрижувачка, што се очекува ЕЦБ да користи сè од својот арсенал, за да ја спречи и цените да почнат да се зголемуваат повторно. Може дури уште од четвртокот да започне вистинско влевање на ликвидност ", пишува Метју Лин во својата колумна во London Eye.
"Всушност, нема ништо страшно во тоа цените да паднат", тврди тој. "Ова се случува во една економија на натпревар. Повеќето од нас се задоволни кога робата поевтинува ", продолжува тој.
Инфлацијата беше 0,3% минатиот месец во однос на 0,4% во октомври, што е значително пониска вредност од очекувањата на пазарот. Инфлацијата на потрошувачките стоки не го достигна целното ниво на ЕЦБ од 2% од почетокот на 2013 година Таа спаѓа со постојана стапка од врвот од - 3% на крајот на 2011 година.
"Ако дефлација е толку страшна, зошто двете земји со најлоша дефлација во Европа - Грција и Шпанија, искусуваат најдобар раст во еврозоната и се опоравуваат побрзо", прашува Лин.
Податоците го поддржуваат неговото тврдење. Во Грција цените паѓаат со годишно темпо од 1,7%. Во Шпанија паѓаат за 0,4%. Во исто време економијата на Грција се зголемува со 1,9% на годишна основа во моментов, а економијата на Шпанија, исто така расте повторно со 1,6% на годишна основа.
Економиите во кои цените уште се креваат, покажуваат поинаква слика. Во Германија инфлацијата едвај останува позитивна, при годишен раст од 0,5%. Растот во најголемата економија во Европа за третиот квартал беше само 0,1% а едвај ја избегна рецесијата. Франција покажува сличен модел со инфлација малку над нулата, но растот целосно престана и земјата ја избегна рецесијата само поради интервенција на владата.
"Дефлацијата не е толку лоша, колку што понекогаш ја претставуваат најпопуларните економисти", вели Лин. Вистинскиот проблем според него се државните долгови.
Затоа тој препорачува еврозоната прво да се обиде да ја реши должничката криза, наместо да се обидува да ги крева цените. Нешто повеќе, најверојатно тоа нема да има успех со овој потфат, тврди новинарот.
"Нема доволно докази дека кога паѓаат цените ги запираат луѓето од купување. Ако тоа беше вистина, ние никогаш немаше да си купуваме таблети, паметни телефони или кул фармерки, зашто знаеме дека секогаш може да се најде подобар модел за помалку пари во крајот на сезоната или следната година. Вистината е дека ние купуваме многу нешта, затоа што имаме потреба од нив или затоа што ги сакаме ", аргументира тој.
"Заканата за растот од дефлација е силно претерана", тврди Лин и не потсетува дека "во текот на поголемиот дел од 19 век дефлација била земена сосема нормално и тоа не ја запре индустриската револуција".
Новинарот смета дека проблемот е вкоренет во високите државни долгови, кои во комбинација со паѓање на цените стануваат невозможни за исплата во даден момент. Во таков случај, тврди Лин, вистинскиот одговор е да се работи на проблемот со долговите. Земјите со многу високо ниво на долг (како Италија) би требало да ги реструктуираат своите обврски.
"ЕЦБ ќе користи сè што има, за да се бори со дефлацијата", предвидува Лин. "Но, најверојатно тоа нема да работи и би било подобро, ако не функционира", смета тој.
Навистина, една умерена дефлација може реално да им помогне на земји како Грција и Шпанија на ист начин на кој им помага на обичните луѓе. Кога стоката поевтинува, корисниците стануваат посигурни и можат да си дозволат да го купат овој таблет, или оној smartphone, или оние нови фармерки и почнуваат да трошат повторно, вели аналитичарот.
K.K.
Слично
