Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вистинска атракција, во Загреб слета најголемиот авион на светот

Вистинска атракција, во Загреб слета најголемиот авион на светот
Вечерва околу 18 часот на загрепскиот аеродром слета најголемиот авион на светот долг 86 метри и со распон на крилјата од 88 метри. За утре, поради голем интерес,  граѓаните ќе може да да посетат аеродромот и да го видат Антонов 225, единствен таков авион на светот. Во Загреб слета празен за во него да се натовари трансформаторот произведен во фабриката „Кончар-енергетски трансформатори“ тежок 210 тони. Авионот ќе се товари утре, за трансформаторот да одлета кај нарачателот од Филипините. Самиот трансформатор е вреден 1,7 милиони евра, а иако ваков товар ретко се носи со авион, нарачателот се одлучил на ваков чекор поради брзината на испораката. Превозот со авионот ќе трае два дена, а чини дури три милиони долари, пишуваат хрватските медиуми. Рокот за изработка на трансформаторот бил пет и пол месеци, но е скратен за 35 дена. Авионот може да превезува товар до 250 тони, но досега најголем товар што го превезол бил 189 тони.
Слично

Поврзани вести