Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИСТИНАТА ЗА ЦРНОТО ЗЛАТО: Како нафтата стана најмоќно оружје кое би можело да го урне Путин?

ВИСТИНАТА ЗА ЦРНОТО ЗЛАТО: Како нафтата стана најмоќно оружје кое би можело да го урне Путин?

Сведоци сме речиси на секојдневно паѓање на цената на нафтените деривати. Добрата вест е дека полнењето на резервоарите во автомобилите не чини се помалку и помалку, но што би можеле да зсначат ниските цени по национална и глобална безбедност?

Едвард Лукас, уредникот за енергетски прашања за угледниот „ The Economist“, на едноставен начин опишал се што се случува со цената на нафтата, кои се причините и какви би можеле да бидат последиците на драстичното поефтинување на црното злато во овие турбулентни времиња.

РУСКИ ПРОБЛЕМИ

Светот веќе се навикна на Путиновите говори за моќ и слава на модерна Русија. И неговата тричасовна конференција, одржана минатиот четврток, се претвори во бомбастична, измамничка претстава додека Владимир Путин ги избегнувал прашањата за економската состојба.

Putin

Критикувајќи ги економските санкции кои САД и ЕУ ги воведоа на Русија после приспојувањето на Крим, Путин предупреди на опасноста од бркање на руската мечка во агол каде таа би можела да возврати со „острите заби и канџи“.

Но, во почетокот на декември во официјална посета на Турција, Путин со посмирен тон објави како проектот Јужен тек, од кој Русија очекувала многу, мора да биде запрен.

Проектот на за нафтоводот од Црното Море преку Балканот до Австрија, вреден 32 милијарди долари, на Кремљ би му дал огромно влијание во овој дел на Европа. Би ја демонстрирал руската моќ над ЕУ која тој нафтовод го прогласила за нелегален (правилата на европскиот пазар на енергја не дозволуваат иста компанија да има во сопственост и нафтовод и нафта коиа се транспортира преку тој нафтовод, бидејќи во тој случај таа фирма би имала премногу контрола над понудата и цената на природниот гас).

Светските пазари вријат! Не ја пропуштајте оваа прилика! Земете 50€ за тргување на светскиот пазар и тргувајте со цената на валутите, златото, нафтата и акциите на најголемите светски компании, 24 часа дневно од дома …

Гордоста и подголтнувањето

И покрај проблемите и потпишаните договори, Путин мораше да ја голтне гордоста и да објави дека проектот Јужен тек се одложува за понатаму.

Зошто? Падот на цената на нафтата, која денеска е на половина отколку летото, ја испразни Кремљската каса.

Русија е трет најголем произведувач на нафта во светот и стана зависна од високата цена на енергенсите, подмирувајќи пола од буџетот од продажбата на нафта и плин.

Клептократите во Кремљ се потпираа на нафтата и плинот како би ја одржувале претераната, неефикасна и корумпирана бирократија на животот, и како би ја финансирале агресијата на останатите држави.

Но, цената на нафтата го достигна најниското ниво во последните пет години и просто е премала за да го одржува Путин во полн замав, особено по воведувањето на економските санкции.

Не е никакво чудо што вредноста на рубљата падна предизвикувајќи паника во Русија, бегство на пари надвор од гранците на таа земја и панично подигање на каматните стапки на 17 посто како би се запрел понатамошен пад на валутата.

Русите не го заборавиле сценариото од 1991 година кога ниската цена на нафтата на светскиот пазар доведе до распад на Советскиот сојуз. Денеска, истата работа би можела да се случи со обидите на Путин да создаде нова советска империја.

Наивно ги одобрил тригодишните планови кои се базираат на цената на нафтата од 100 долари по барел додека моменталната цена на нафтата изнесува нешто повеќе од 55 долари,

Не е време за славење

Сепак, иако Кремљ е ослабнат, уште не е време за славење. Постои реална опасност рускиот автократ повторно да посегне по оружјето како Русите би ја заборавиле економската катастрофа и притоа понижувајќи го НАТО сојузот и ЕУ.

Тоа е доволна причина некои дипломати и економисти поради тоа да повикуваат на ублажување на реториката и санкциите кон Путин. Ја научил лекцијата во болниот судир со реалноста, тврдат тие, и не би требало да го притискаат. Наместо цврсти раце, треба да му понудиме чесен излез од состојбата во Украина и да се укинат санкциите како би се спречил падот на руската економија во бездна.

Јас со тоа не се сложувам, пишува Лукас. Путиин не сака договор со Западот. Тој сака повторно да напиша правила за европската безбедност. Руските „јастреби“ ќе се задоволат дури тогаш кога ќе им дозволиме држави како Украина да дојдат под нивна контрола.

Тоа е постапка која не можеме и не смееме да ја направиме. Ако му ја препуштиме Украина, ќе му дадеме сигнал како силата има предност. Што ако после тоа Путин се обиде истото и со друга држава - можеби со балтичките членки на НАТО сојузот?

ПОНИЖУВАЊАТА НА ОПЕК И покрај проблемите со Русија, не смееме од вид да испуштиме уште една, некогаш моќна сила во светот на политиката, а денес понижена ОПРК. Со стапувањето на сила пред 40 години, ОПЕК стави крај на расипничкото трошење на Западот. nafta Пред да биде формирана ОПЕК, западните потрошувачи беа навикнати на обилни количини нафта која ја обезбедуваа по багателни цени. Но ОПРК ја промени ваквата политика. За краток временски интервал успеа да ја подигне цената на црното злато до 3 на 12 долари, што е за четири пати повеќе. Доа е само дел од денешната цена, но во седумдесетите години на минатиот век растот на цената на нафтата предизвика недостаток, редици на бензинските пумпи и вистинска паника меѓу луѓето. По четири децении, Саудиска Арабија од сиромашна пустинска земја благодарение на изворите со нафта, прерасна во една од најбогатите држави во светот со финансиски резерви во вредност од 900 милијарди долари. Но, остатокот од светот повеќе не зависи од милоста на ОПЕК. Од една страна, трошиме се помалку енергија благодарение на новите технологии и зголемената свест за потребата од заштита на околината, а од друга пак многу поголем број држави денес произведуваат нафта и гас. Исто така, ОПЕК веќе нема дисциплина во потребите за да може да ја диктира цената на пазарот за нафта. На состанокот во Виена, кој се одржа минатиот месец, членките на ОПЕК не можеа да договорат ниту за заедничка стратегија. Дали намаленото производство и недостатокот ќе успее да ја врати цената на 100 долари за барел или ќе овозможи понатамошен пад на зената на нафтата? 12те држави членки на крајот не донесоа никаква одлука што пак дополнително влијаеше врз падот на цената на нафтата. Централниот проблем во ОПРК е тоа што некои држави – членки се презираат меѓусебно. Најмногу од сите оваа појава е изразена меѓу Саудиска Арабија и нејзините сојузници од Персискиот залив особено Иран за кого сметаат дека им е најголем политички и религиски противник. Знаат дека Иран ги поддржува обесправените шиити кои живеат на Арапскиот полуостров и дека тие се потенцијална бура која би можела да експлодира и цел регион да го внесе во хаос. Сунитските Саудијци го презираат Иран и уште поради една причина – нивната поддршка на режимот на сирискиор претседател Башар ал Асад. Тоа што Асад е шиит, како и Иранците, не е никаква случајност. Исто така знаат дека Иран е во тешка економска ситуација, што поради санкциите на Западот, што поради неефикасната државна администрација, како и поради ниската цена на нафтата и не им паѓа на памет да му дозволат на Иран да излезе од ваквата состојба  со подигање на цената на нафтата. Саудијците се наоѓаат во одлична позиција бидејќи производството на нивната нафта е многу евтино, а ја имаат во изобилство. Знаат дека може да „преживеат“ вакви ниски цени две, три години вез притоа да имаат некои поголеми проблеми. Во Москва, Владимир Путин нема таков луксуз и Саудијците тоа многу добро го знаат. На Русите им замеруваат поради поддршката на Асад како и продажбата на оружје на Иран и поради тоа нема да мрднат ниту со малиот прст да им помогнат во враќањето на цената на енергенсот на претходниот износ. ШТО НОСИ ИДНИНАТА? И додека падот на цената на нафтата носи главоболки за политичарите и трговците, потрошувачите имаат причина за славење. На сите ни остануваат повеќе пари во џеб, пари кои можеме да ги потрошиме за други цели. Но сепак треба да се почека со неразумно трошење бидејќи нафтените производи се во рацете на политички нестабилни држави, како Ирак или Либија. Доколку повторно узбувне некоја нова граѓанска војна во некоја од овие две држави, цената на нафтата повторно ќе почне да расте. Глобалната слика сепак се движи на подобро пред се што некои деспотски режими, кои опстануваат поради ограбување на своето национално богатство, најпосле ги стигнува заслужената казна. Прашањето е дали само тие ја прифаќаат својата судбина или моќта на црното злато ќе не вовлече во судир кој би можел да ги разниша темелите на нашата цивилизација.

Слично

Поврзани вести