ВИСТИНАТА ЗА ЖИВОТОТ НА БРОД: Работиш по 330 часа месечно, но по неколку години купуваш стан
Филип Мирковиќ од Србија од своите пријатели во хотелот каде работел слушал како со работа на брод може да се купи и стан, по што пред 7 години на свои 23 години отишол да работи на брод.
Вели дека едно утро се пробудил, и донел одлука дека ќе ја смени работата.
„Едно утро се пробудив и си реков „овде каде што работам ми е добро, но до 15 во месецот ја трошам платата, и не сакам веќе да преживувам“- вели тој.
На интернет нашол компанија од Загреб која посредува, пратил CV и за месец дена го повикале на разговор, при што интервјуто за работа траело само 5 минути.
Почнал да работи на брод како келнер, а на крајот станал консултант за продажба.
Вели дека работел по 10 до 12 часа дневно или 330 часа месечно.
Откако завршил договорот се вратил во Белград и работел за 300 евра, но вели дека со тие пари нема перспектива.
Потоа со друг договор успеал да ги обиколи Медитеранот и Блискиот Исток.
Ако се штеди вели дека за 6 месеци може да се заработат 10.000 долари, а тој успеал да си купи стан по 6 години работа.
