„Вистеон“ ја презема фабриката на „Џонсон контролс“ на Бунарџик
Американскиот гигант „Џонсон контролс“ го потпиша договорот со „Вистеон корпорејшен“ за продажба на сегментот за автомобилска електроника, во рамките на кој работи и фабриката на „Џонсон контролс“ во Бунарџик.
Продажбата беше најавена уште во јануари, а двете компании и официјално го потпишаа договорот вреден 265 милиони долари. Продажбата се очекува да финишира во вториот квартал на годинава.
„Ние сме задоволни со овој договор. Корпорацијата „Вистеон“ одговара за бизнисот и ќе обезбеди соодветно ниво на посветеност и ќе обезбеди долгорочна вредност за нашите клиенти и вработени“, изјави Алекс Молинароли, претседател и извршен директор на „Џонсон контролс“.
„Вистеон“ е, исто така, глобален добавувач на електроника за автомобилски компании и вработува 22.000 луѓе во 29 земји.
Слично
