Економија, финансии, бизнис

Контакт

Високо ниво на безбедност: Македонија ги следи вратените борци од Сирија!

Високо ниво на безбедност: Македонија ги следи вратените борци од Сирија!

Откако Брисел го потресоа низа терористички напади, Македонија го подигна нивото на безбедност, кое се уште е на високо ниво.

Ова денеска го соопшти министерот Оливер Спасовски кој истакна дека МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и сите надлежни институции будно ја следат состојбата со повратниците од Сирија.

„Се следат сите лица вратени од боиштата на Истокот со цел да спречиме настани кои може да ја загрозат безбедноста на граѓаните“, посочи министерот Спасовски.

Во Македонија има повратници од Сирија а во моментов трае и судскиот процес за случајот „Ќелија“ во кој се уапсени лица поврзани со криминални дејства и терористички напади.

Пред малку објавивме дека паднаа и пресуди за осомничените. Од нив  6 лица денеска се осудени  на 5 години затвор, додека еден е осуден на 7 години затвор.

Оџата од чаир  Реџеп Мемиши, по спогодбата со обвинителството доби  7 години затвор,  за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во Сирија.

Другите 5 лица  биле вклучени во групата која учествувала во логистика и организирање на војниците за во Сирија. Судот треба да продолжи да одлучува за уште 5 обвинети, за кои ќе се расправа за обвинението и приговорите на адвокатите. Тие не признаваат вина во случајот „Ќелија“.

Во октомври 2014 година овие лица почнале да се подготвуваат за извршување на кривичното дело.

Слично

Поврзани вести