Високите нивоа на резервите во САД не ја спречија нафтата да поскапе
Златото остана речиси без промена по одлуката на ФЕД да ја остави каматата на истите нивоа и сигналите дека ќе ги менува постепено. Следен отпор пред жолтиот метал остануваат нивоата при 1220 долари за унца.
Среброто покажува повеќе сила по разбрануваниот пораст во понеделникот над нивото од 17.50 долари и се задржува над дневната просечна средина.
Цената на нафтата порасна покрај големото зголемување на резервите во САД, што покажа дека намалувањето на производството на ОПЕК се уште е далеку од тоа да доведе до рамнотежа на пазарот, иако производителите направија поефикасна редукција отколку што многумина очекуваа.
Слично
