Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИСОКАТА ЦЕНА НА ПИЦА ВО ХВАР ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ: Навистина е џамбо, но не е од злато!

ВИСОКАТА ЦЕНА НА ПИЦА ВО ХВАР ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ: Навистина е џамбо, но не е од злато!

Како што јавуваат медиумите од соседството туристи кои биле во посета на островот Хвар во Хрватска биле запрепастени од цената која морале да ја платат за една пица. 

Иако досега посетителите се чудеа на цените на повеќе продукти, почнувајќи од цена од 120 куни за сендвичи (1 евро - 7,5 куни) и леб од 20 куни, па дури и за надуени цени за ноќевање, до необјасниво скапи кафиња и уште поскапи пива, но на хрватското приморје може да се види се. Сега на социјалните мрежи се пренесува информација за пекара на Хвар која според туристите надмина се.

Додека рестораните често ги оправдуваат своите скапи цени со услуга, амбиент и слично, во овој случај ни тоа оправдување не поминува.

Но, еден профил објавен на Твитер оваа година е на врвот на сето тоа. Пекарата наплатила 800 куни за две џамбо пици. Да, добро прочитавте - пица во обична пекара на Хвар чинеше 400 куни.

Веднаш се разви дискусија во коментарите - едни се згрозени од сметката, а други велат - ако се истакнат цените (а коментаторите велат дека се) се е во ред. 



Слично

Поврзани вести