Висок претставник на Пентагон во Македонија, САД дава поддршка за членството во НАТО
Претседателот на Република Македонија,Ѓорге Иванов, денеска ја прими Евелин Н. Фаркаш, оединетите Американски Држави.
Членство на Македонија во НАТО и ЕУ е приоритет, а соработкатака во секторот на одбраната на Македонија и САД е на задоволително ниво. Ова е заклучокот на средбите што заменик-помошник на секретарот за одбрана на САД, Евелин Н. Фаркаш ги имаше денеска во Скопје со Претседателот на Република Македонија,Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Талат Џафери.
Претседателот Иванов ја поздравил соработката во областа на одбраната меѓу двете земји и изразил задоволство од севкупната поддршка која македонската Армијата ја добива од страна на САД, соопшти Кабинетот на претседателот.
На средбата биле разменети мислења околу можностите за натамошно продлабочување на соработката во одбраната, но и поздравена иницијативата за трилатерално партнерство меѓу армиите на Македонија, Вермонт и Сенегал.
„Република Македонија е благодарна за пријателството, помошта и поддршката која ја добива од САД од првите денови на независноста до денес, особено за напорите и поддршката во реализација на нашите стратешките цели“, посочил иванов и ја уверувајќи ја Фаркаш дека во Македонија секогаш може да гледаст како на искрен пријател и партнер.
Разговарано били и за членството во НАТО, при што Иванов најавил дека очекува и дека во пресрет на следниот НАТО Самит да продолжи поддршката од САД
„САД како и досега ќе продолжи да биде поддржувач на стратешката определба на земјата за целосна интеграција во евроатланските структури“, истакна Фаркаш.
Џафери пак ја информирал за идните планови и приоритети, како и ангажманите, но истоа така соопштил дека Македонија ќе остане дел од мисијата ИСАФ во Авганистан се до нејзиното завршување во 2014 година, како и во пост мисијата ИСАФ.
„Покрај ова учество подготвени сме и за можно учество во мисии предводени од ЕУ и од ОН и во тој контекст соопштив дека водиме билатерални разговори со Белгија, со посебен акцент за искуствата и идеите за трилатерална соработка АРМ, Националната гарда од Вермонт како партнер и армијата на Сенегал, каде што во иднината е можен ангажман на АРМ во мисија“, изјави по средбата Џафери.
Според Фаркаш, одбранбената соработка, приоритетите и идните планови и предивици,биле темите на кои разговарале со Џафери.
Слично
