Економија, финансии, бизнис

Контакт

Висок пораст на инфлацијата во јули месец, особено кај храната

Висок пораст на инфлацијата во јули месец, особено кај храната

Трошоците на живот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележат зголемување од 4.8 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 проценти, објави Заводот за статистика.

Порастот на цените на храната и безалкохолните пијалоци е дури 6,8 отсто во јули 2025 во однос на истиот месец лани.

Инфлацијата кај рекреацијата и култура е 6,6 отсто, 5,8 отсто е кај алкохолни пијалоци, тутун и наркотици, а зголемувањето кај „мебел, покуќнина и редовно одржување
во домаќинствата“ е 5,1 проценти.

Кај цените на мало, земјоделските производи за една година поскапеле 15,5 отсто, прехранбените производи за 7,6, а услугите за 7,2 отсто.

Владата претходно објави дека нема да се носат краткорочни мерки против високата инфлација, туку ќе се бара системско долгорочно решение за базичната инфлација.


Слично

Поврзани вести