Висар Фида не и верува на Државната ревизија, ќе си ангажира независна
Првиот човек на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида не верува во наодите на државниот ревизор - ќе ангажира независна ревизија за да ги провери.
Државниот завод за ревизија во последниот извештај минатата недела, меѓудругото детектираше и противзаконското работење на странски инвеститор кој добивал помош од државата а производите ги пласирал на македонскиот пазар остварувајќи екстра профит и создавајќи нелојална конкуренција.
Освен ова, ревизорите открија дека ниту една институција не дава одговор на прашањето – колку изнесува точната сума на пари потрошени за владиниот лов на странски инвестици. Недостасуваат целосни податоци за тоа колку пари од буџетот се одлеале за државна помош, медиумски кампањи и за економските промотори.
„Ќе направиме уште една ревизија за да потврдиме дали тоа е вистина или не“, рече Фида.
Токму денеска тој потпиша меморандум за соработка со новоименуваниот претседател на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија, Хуан Педро Иманез Наваро и оцени дека кампањата „Invest in Macedonia“ дала позитивни и видливи резултати.
Повеќе за тоа што откри Државниот завод за ревизија во работата на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции на следниот линк:
Води ли некој сметка колкава државна помош добија странските инвеститори?
Слично
