Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вирусот „коси“, а на Словенците им требаат лекари и сестри

Вирусот „коси“, а на Словенците им требаат лекари и сестри

Словенија има потреба од лекари и медицински сестри. 

Неколку лекарски здруженија на Словенија побараа сите расположливи медицински работници да се вклучат во здравствениот систем и да се ангажираат во борбата против епидемијата со коронавирусот, затоа што се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, а не се доволни медицински работници.

Имаат доволно апарати, респоратори, но немаат кадар. 

Претседателот на Словенечкото медицинско здружение и претседавач со одборот за координација на медицинските институции, Радко Комадина изјави дека јавното здравство е на сериозен тест и дека се влошува ситуацијата.

Во Словенија, вчера се забележани 1.564 новозаболени од коронавирус. За истиот период починале 26 пациенти. 

Бројот на вкупните зарази од почетокот на епидемијата во Словенија изнесува 41.093.

Слично

Поврзани вести