Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИРУСОЛОГОТ ШЕКЛЕР ЗА „ИВЕРМЕКТИНОТ“ И СТАВАЊЕ МАСНИ КРЕМИ ВО НОС: Овде се што е лошо се прифаќа, а потоа луѓето пријавуваат загрижувачки несакани ефекти

ВИРУСОЛОГОТ ШЕКЛЕР ЗА „ИВЕРМЕКТИНОТ“ И СТАВАЊЕ МАСНИ КРЕМИ ВО НОС: Овде се што е лошо се прифаќа, а потоа луѓето пријавуваат загрижувачки несакани ефекти

Србија со неверување ја следи приказната за пиење на лекот „ивермектин“ на своја рака, само врз основа на непроверени и неточни совети во групите на Вибер кои се појавија во земјата.

-Луѓето кои погрешно разбраа дека „ивермектинот“ е превенција пријавуваат загрижувачки несакани ефекти, не земајќи го предвид фактот дека „ивермектин“ не треба да се пие бидејќи е лек за животни и нема докази дека треба да се зема превентивно за корона вирус, на спротивно, вели познатиот српски микробиолог вирусолог, д-р Миланко Шеклер.

Тој на К1 зборуваше за своите искуства со овој лек во Ветеринарниот институт во Краљево. Се осврна и на други загрижувачки лажни информации од групите Вибер, кои имаат по повеќе од 10.000 членови, а кои сега разговараат популарните бебешки креми.

„Експериментив со „ивермектин“ на група животни оваа зима, тие беа заразени со сој на короната што ги напаѓа животните и не се шири на луѓето. Немаше антивирусно дејство, иста количина на вирусот имаше и кај животните што го добиле и оние кои не го добиле“, рече тој.

Зборувајќи за популарната маст за мачкање на сувата бебешка кожа, чија продажба скокна откако се појавија лажните информации за „превенција“ со ставање во нос, доктор Шеклер одговори во свој стил.

„Фактот што маснотиите завршиле во носот, а можело да биде и свинска маст, е примитивен начин на размислување, единствениот ефект ако го подмачкате носот е тоа што нема да може да ви влетаат мушички, се пошегува докотрот.

Д-р Шеклер исто така подвлече дека антиваксерите кои шират вакви опасни приказни постојат насекаде низ светот и предизвикуваат големи проблеми.

„Кај нас многу лесно се прифаќа се што е лошо, сите поранешни социјалистички европски земји имаат проблем со пропагирање ставови против вакцинација. Да имавме милијарда жители како Индија, која вакцинираше 80 проценти од своите граѓани, ние немаше да бидеме вакцинирани до крајот на светот. До крај би се расправале дали треба или не да ја примиме вакцината, иронично прокоментира докторот.


Слично

Поврзани вести