Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИП станува газда на Blizoo

ВИП станува газда на Blizoo

Телеком Австрија потпиша договор за купување на 100% од кабелскиот оператор Blizoo Македонија. Станува збор за еден од најголемите кабелски оператори во Република Македонија кој нуди услуги за ТВ, широкопојасни услуги и фиксна телефонија. Телеком Австрија, пак, е сопственик на мобилниот оператор ВИП во земјава.

Купопродажбата, која треба да ја одобри Комисијата за заштита на конкуренцијата, ќе им овозможи на ВИП оператор и на Blizoo во иднина да понудат пакетирани фиксни и мобилни услуги на уште еден пазар на кој работи Телеком Австрија Групацијата, односно и овозможува на Групацијата проширување на постојните пазари со конвергентни услуги.

"Купувањето на Blizoo Македонија отвoра широка лепеза на возбудливи можности за Вип оператор, со тоа што ќе ги сплоти силите и капацитетите на двете компании кон иден успех. Исклучително сме задоволни што по неколку години работење во мобилниот сегмент на пазарот, имаме можност да се вклучиме во фиксна и мобилна конвергенција, што секако ќе резултира со поголеми придобивки и за корисниците на Вип и за корисниците на Blizoo”, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.

Вредноста на договорот не се открива.

„Ни претставува особено задоволство што стануваме дел од Телеком Австрија Групацијата и убедени сме дека со овој чин стануваме посилни и добиваме одлични можности за раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ги споделиме искуствата и да ја искористиме синергијата со Телеком Австрија Групацијата, а особено со Вип оператор, со цел да создадеме вредност за нашите корисници и акционери“, изјави Кирил Трендафилов, Главен извршен директор на Blizoo Македонија.

Blizoo Македонија во моментот има 63,000 претплатници, од кои 47,000 се претплатници на широкопојасни услуги.

Слично

Поврзани вести