Вип со позитивни резултати во првите девет месеци од годинава
повеќе од девет пати се зголемени заработката пред камата, даноци, депресијација и амортизација и изнесува 9,3 милиони евра како резултат на повисоките приходи и фокусот врз контрола на трошоците.
Според Цидек, тие се јасен доказ дека Вип го задржува трендот на одржлив раст од квартал во квартал, нудејќи им повеќе на своите корисници и е потврда на нивната стратегија.
Со цел да го поддржат нивниот бизнис и да го подобрат квалитетот и да понудат иновативни решенија на своите корисници, Цидек истакнува дека инвестираат во нова мрежа. Во последните 12 месеци тој посочи дека се инвестирани 15 милиони евра во нова современа мрежа.
Главниот извршен директор на Вип оператор Никола Љушев посочи дека нивните инвестиции се во континуитет и оти се насочени кон подобрување на мрежата.
- И досега и во иднина намерата е да ја подобруваме, вели Љушев, додавајќи дека ќе бидат подготвени да ги испочитуваат правилата што ќе бидат пропишани од страна на Агенцијата за електронски комуникации.
