Економија, финансии, бизнис

Контакт

Винер ја заврши трансакцијата за аквизиција врз Кјуби Македонија

Винер ја заврши трансакцијата за аквизиција врз Кјуби Македонија
Виена Иншуренс Груп , водечката осигурителна групација во Централна и Источна Европа, која влезе на македонскиот осигурителен пазар преку Винер Осигурвање, објави дека е завршена трансакцијата за аквизиција на мнозинскиот пакет на Кјуби Македонија, со што групацијата и официјално се издигна на водечката позиција на македонскиот осигурителен пазар. Концернот купи 92,9 проценти од акциите со право на глас во Кјуби Македонија, обезбедувајќи над 20 проценти од пазарниот удел и позиционирајќи се како убедлив лидер помеѓу останатите осигурителни компании. ВИГ е присутна на осигурителниот пазар во Македонија од 2009 година со Винер Осигурување, компанија која за мошне кратко време со извонредните резултати се позиционираше на врвот на домашниот осигурителен пазар. -Покажавме дека знаеме да работиме на овие простори и мошне сме горди што со одличните резултати придонесовме нашата Групација да ги прошири сопствените инвестиции во Македонија. Деловната филозофија која Винер ја промовираше и која беше одлично прифатена од граѓаните и официјално станува водечка на пазарот, а тоа значи фер цени, беспрекорна услуга,  динамично решавање на штетите и нивна експресна исплата, сега уште подостапни за сите.“ – изјави во оваа пригода г-дин Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер Осигурување. Инаку Винер Осигурување во измината 2012 година оствари спектакуларен пораст на профитот од извонредни 60%. Компанијата објави и дека во првиот квартал од 2013 година остварила рекордна полисирана премија од 245 милони денари, што е најдобар квартален резултат во нејзината историја.
Слично

Поврзани вести