Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИНАРИЈАТА НА ЃОКОВИЌ ВО СРПСКАТА ТОСКАНА: Винскиот сектор клучен за развојот на српската економија

ВИНАРИЈАТА НА ЃОКОВИЌ ВО СРПСКАТА ТОСКАНА: Винскиот сектор клучен за развојот на српската економија

Семејството на познатиот тенисер можеше да избере кое било место на земјината топка за да засади лозја, но Ѓоковиќ се одлучи за Србија и селото Липовац кај Топола.

Добрата клима, големиот број сончеви часови и специфичната ружа на ветерот го прават грозјето исклучително слатко, па на ова место се прават најквалитетните вина во Србија, наведува РИНА.

-Се одлучивме за традиционално производство на вино, како што тоа го правеше мојот прадедо. Малага е сорта која произведува вино со исклучителна арома слична на мускат. Наша цел е да произведеме што повеќе од него и да биде посебен печат на нашата винарија. Покрај Малага, доста е застапен и Шардоне, кој е крал на сортите за белите вина, потоа Вранац, Каберне и Прокупак кога се црвените во прашање, а неизбежниот сочен Хамбург за розите - изјави Немања Петровиќ, лозар.

Жителите на ова село истакнуваат дека овој регион со право се нарекува српска Тоскана и дека не треба да е чудно што дури исемејството Ѓоковиќ го избрале за своите лозја.

Винскиот сектор стана стратешки важен за развојот на српската економија, во него беа вложени 14 милиони евра стимулации во текот на претходната година и беа изградени повеќе од 300 хектари нови лозови насади. Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Велимир Станојевиќ претходно посочи дека се реализирани 11 милиони евра стимулации за изградба и реконструкција на винарии, а три милиони евра за нови насади.

Вината Ѓоковиќ Шардоне 2020 од винаријата Ѓоковиќ имаат прецизна сортна арома, со многу зрели плодови, диња, круша и манго и Ѓоковиќ Сира 2020 – со арома на црно овошје и малку цветни тонови.

Лозовите насади на семејството Ѓоковиќ зафаќаат шест хектари, од кои три се бели, а три црни. Покрај шардоне, се засадува и сортата Шираз, која се користи во познатите вина во источна Франција, особено одгледувани во Аргентина и Австралија. Се карактеризира со силна лоза и гроздовите се долги, темно црни во боја. Со долго стареење, аромите се мешаат, создавајќи богата палета. Во првата реколта во продажба беа пуштени околу 8.500 шишиња, додека капацитетот на винаријата е околу 60.000 литри.


Слично

Поврзани вести