Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вилата во Маврово на свекрвата, нов повод за ВМРО-ДПМНЕ да ја повика снаата – Шекеринска

Вилата во Маврово на свекрвата, нов повод за ВМРО-ДПМНЕ да ја повика снаата – Шекеринска
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дека во анкетниот лист не го навела целиот имот кој го поседува со својот сопруг. Од партијата информираат дека таа заедно со нејзиниот сопруг покрај становите, изградиле и вила на два спрата со вкупна површина од околу 200 м2 и двор од 347 м2 во Маврово. - Пазарната вредност на оваа вила е огромна. Во овој дел на Маврово само плацот е во вредност од 100 евра по метар квадратен или само за површината вредноста би била 34.700 евра. Земајќи во предвид дека оваа вила е градена со луксузни елементи (како што самите велат) и ако претпоставиме дека цената би била само скромни 600 евра по м2, тогаш лесно доаѓаме до податокот дека оваа вила чини околу 120.000 евра. Вкупната вредност на овој имот (плацот и куќата) е околу 154.700 евра - посочи Светлана Јакимовска на прес-конференција. Шеќеринска, пак со експресен одговор. Куќата во Маврово е семејна куќа, која припаѓала на нејзината свекрва и која била изградена пред таа да стапи во брак. - ВМРО-ДПМНЕ создава манипулации, напади и навреди за да го скрие фактот дека премиерот не кажа ниту збор за „техничката грешка“ на директорот на полицијата и негов братучед - рече Шекеринска.
Слично

Поврзани вести