ВИЛАТА ПЛЕЈБОЈ НА ПРОДАЖБА: Хју Хефнер го продава харемот под еден услов
Под необичен услов, сопственикот на легендарната вила „Плејбој” го продава домот на „зајачиците”. Хју Хефнер не сака да ја напушти неговата соба, па новиот сопственик ќе мора да живее заедно со стариот газда.
Вилата се продава по цена од 140 милиони долари, а единствениот услов за купецот е Хефнер да живее во неа до неговата смрт.
Потенцијалните купувачи смеат да живеат низ целиот имотот, кој се простира на повеќе од 25.000 квадратни метри, но забрането е да гледаат во спалната соба на Хеф.
Инаку, Хју Хефнер (89) основачот на најпознатото еротско списание за мажи, во неговата вила создаде историја од многубројни забави со Плејбој зајачиците.
Слично

