Викторија Нуланд доаѓа во Скопје
Американскиот Стејт департмент соопшти дека помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд в понеделник ќе допатува во Скопје.
За време на еднодневниот престој во земјава, предвидено е Нуланд да се сретне со високи владини и политички претставници, со кои ќе разговара за процесот на приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ и за други прашања од заеднички интерес.
Посетата на Скопје е дел од пошироката регионална и европска турнеја, во рамките на која Нуланд присуствува на форумот за Западен Балкан во Дубровник, а ќе ги посети и Подгорица, Тирана, Приштина и Белград, но и Лондон и Брисел.
Слично
