Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виктор Понта официјално е обвинет за корупција и перење пари

Виктор Понта официјално е обвинет за корупција и перење пари

Романскиот премиер Виктор Понта е обвинет за корупција, измама, даночно затајување и перење пари, пренесуваат агенциите.

Пред неколку дена, романскиот премиер се врати на работа по речиси еден месец отсуство поради здравствени причини. Тој беше примен во турска болница во средината на јуни за операција на коленото. Неговото отсуство се совпадна со започнувањето на кривична истрага за неговото минато како адвокат.

Обвинителството го сомничи Понта за фалсификување на документи, перење пари и даночно затајување. Според премиерот, обвинувањата се лажни и се на политичка основа.

Вчера (12 јули) Понта поднесе оставка од функцијата шеф на социјалдемократите (СДП). „За да не се дозволи оваа ситуација (кривичната постапка против него) да се одрази на СДП, решив да ја напуштам позицијата како партиски лидер, додека не докаже мојата невиност“, соопштил тој на својот Фејсбук профил.

Конзервативниот претседател Клаус Јоханис пак го повикува Понта да ја напушти и владата.

Слично

Поврзани вести