Економија, финансии, бизнис

Контакт

Виктор Орбан ветува: Ќе го изградиме Јужен тек!

Виктор Орбан ветува: Ќе го изградиме Јужен тек!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој денеска престојува во посета на Белград, нагласи дека и неговата земја е исклучително заинтересирана за изградбата на клучниот гасовод Јужен тек.

„Ќе го изградиме Јужен тек и во таа намера мора да истраеме“, изјави Орбан, изразувајќи ја подготвеноста на неговата земја, и покрај спротивставувањето на ЕУ, да продолжи со изградбата на гасоводот на своја територија.

Според Орбан, никој нема право на една држава да и го одземе правото за енергетска безбедност, а сите кои се спротивставуваат на изградбата на гасоводот мора да обезбедат алтернатива за снабдување со енергенси.

Унгарскиот премиер нагласува дека неговата земја ја поддржува Украина, но дека не сака енергетски да зависи од таа земја, бидејќи има обврска кон своите граѓани да им обезбеди енергетска стабилност.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој се сретна со Орбан, најави дека за гасоводот Јужен тек ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев во текот на претстојната посета на Русија.

„Ќе гледаме колку што е возможно да ги усогласиме работите со Европската унија, но ќе водиме сметка за интересите на Србија“, рече и Вучиќ.

Слично

Поврзани вести