Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Викиликс“ ја „тресе“ партијата на Ердоган

„Викиликс“ ја  „тресе“ партијата на Ердоган

„Викиликс“  на Твитер објави дека има пренесено уште 113 илјади електронски пораки на членови на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП).

„E кореспонденција на АКП во Турција Дел 2 – објавени се уште 113 362 e-кореспонденции на владејачката партија на [турскиот претседател Реџеп Таип] Ердоган“ - пишува во пораката.

Во јули „Викиликс“ објави 294. 548 електронски писма на партијата.

Потоа пристапот до сајтот на територијата на Турција беше блокиран.

„Викиликс“ се појави во 2006 година и за неколку години на сајтот објави илјадници тајни документи. Тогаш најголемо внимание привлекоа доверливите американски дипломатски телеграми.

Слично

Поврзани вести