Викендот второ прскање против комарци
Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши втор наврат од авионската и терестичната дезинсекција во 2014 година, против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје, односно:
1. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2014 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, односно на 14.06.2014 (сабота) и 15.06.2014 (недела), во период од 05.30 до 08.00 часот.
2. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2014 година,на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 15.06.2014 до 19.06.2014 (од недела до четврток), во период од 23.00 до 03.00 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
