Викендички во Грција за 2.000 евра по квадрат: Каде се наоѓаат најевтините?
Во Грција се бараат луксузни викендици, а цените се следни: најевтините почнуваат од 2.000, а најскапите чинат до 12.000 евра за квадратен метар.
Како што покажуваат резултатите од анализата на „Енгел и Фолкерс“, купувачите од странство ги има најмногу. Побарувачката за луксузни куќи за одмор во Грција е на високо ниво и оваа година.
Во анализата, исто така, се наведува дека 85 проценти од сите трансакции се извршени од странски купувачи, а цените на недвижностите на грчките острови се сè уште конкурентни во споредба со другите медитерански пазари.
„Купувачите се разликуваат во зависност од локацијата, но повеќето од нив доаѓаат од Централна Европа, како и од Соединетите Американски Држави, Либан, Израел, Балканот и Турција. Побарувачката е најизразена за вили со базен и поглед на море, додека за најлуксузните клиенти за недвижности, непосредната близина до плажата е клучна“, вели директорот на „Енгел и Фолкерс Грција“, Јоргос Петрос, пренесува „Катимерини“.
Највисоките цени на недвижностите се забележани на Миконос и Парос, каде што цената се движи до 12.000 евра по квадратен метар.
Во Коринтија и Лаконија, најсиромашните области, цените почнуваат од 2.000 евра по квадратен метар, но сепак нудат висококвалитетни недвижности на атрактивни локации.
foto freepik.com
