Викенд временска прогноза-Што најавуваат метеоролозите?
Денеска ќе биде променливо облачно, а попладне се можни врнежи во западниот регион, а навечер во јужниот и источниот крај.
Минималната температура повторно ќе има вредности од 2°С до 5°С, а на повисоките места околу -1°С, додека дневната температура ќе има вредности помеѓу 12°С и 14°С, односно околу 16°С на југоисток.
Пред нас е уште е еден викенд.
Она што го најавуваат метеоролозите е дека времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер.
Врнежите ќе бидат поизразени и краткотрајни во сабота а максималната вредност на температурата ќе достигне 15 степени Целзиусови.
За разлика од сабота, недела ќе биде потопло со максимална температура до 19 степени Целзиусови и локализирани врнежи од дожд. Минималната ќе се движи околу 7 степени.

