Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНД ОД ТРИ ДЕНА ГИ ПРЕПОРОДИ РАБОТНИЦИТЕ: Како планот на Мајкрософт даде сјајни резултати

ВИКЕНД ОД ТРИ ДЕНА ГИ ПРЕПОРОДИ РАБОТНИЦИТЕ: Како планот на Мајкрософт даде сјајни резултати

Викендот кој им почнувал порано им донел повеќекратни придобивки.

Најпознатиот технолошки гигант Мајкрософт забележал скок на продуктивноста кај вработените од скоро 40 отсто по намалувањето на работни часови во рамки на експеримент кој имал за цел да го промовира здравиот баланс помеѓу работата и животот.

Таа компанија проектот го спроведе во Јапонија каде што е тестирана работна недела од 4 дена а резултатите се прилично импресивни.

Како дел од овој проект, Мајкрософт ги затвораше вратите на своите компании еден месец во петок за 2.300 вработени да имаат 3-дневен викенд.

И во тој период компанијата ја мери продуктивноста (продажба по вработен) и бележи пораст од 39 проценти во однос на август 2018 година.

Една од клучните причини според компанијата е да ги ограничи состаноците на 30 минути.

Покрај придобивките од продуктивноста, „Мајкрософт“ забележа и пад на трошоците за енергија од 32,1 процент.

Слично

Поврзани вести