Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд хороскоп 27 02 – 28 02 2016

Викенд хороскоп 27 02 – 28 02 2016

ОВЕН Во саботата може да се случи да започнете еден куп работи, но само да ги започнете а ништо да не завршите, да бидете натаму-наваму и за се да имате причина и оправдување, но на крај да дојдете во конфликтна ситуација или однос со некој постар или поавторитетен во својата околина, или пак претпоставен ако сте деловно ангажирани во саботата. Од друга страна, имате тенденција што некакви однесувања да ги прогласите веднаш за навика, за да не давате образложенија за нив. Неделата сепак порелаксирана и потребно е да се зафатите со дневни мали ситни обврски кои ќе ги завршите истиот ден. БИК Мислам дека саботата ќе имате некаква драмолетка со децата доколку ги имате или со чувствата кон личности кон кои имате емоции, најчесто кон едниот родител, во најголем број случаи со таткото, но и не мора да е така, можеби и со некој авторитет кој има таков татковски, читај строг, однос и сака да се наметне како авторитет. И тоа по прашање на некакви ваши дружења, јавни однесувања или однесувања на јавен план, објект, место, видот на тоа место и слично. Неделата е можеби порелаксирана но ако сте од помладите, внимавајте на пиењето алкохол или на друг вид стимуланси. БЛИЗНАЦИ Вашето пак внимание ќе биде насочено викендов кон некакви почетоци или завршувања на некакви стории, по се изгледа чувствени или љубовни, а почетоците можат да бидат со личност од спротивниот пол која ќе биде таа кон која ќе ги насочувате вашите интереси и чувства, иако ќе бидете привлечени од атрактивниот изглед на истата. Можеби некакви расчистувања во домот, на физички план, со некакви отпади и стари нешта кои требало одамна да се расчистат или исфрлат или со односи со некоја блиска личност која се обидува да тренира авторитет на вас.
Слично

Поврзани вести