Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд хороскоп 26 03 – 27 03 2016

Викенд хороскоп 26 03 – 27 03 2016
ОВЕН Викендов ќе ви започне токму онака како што сакате. Многу креативност, дружење и забава. Внимавајте, во тој занес можете да ги повредите чувствата и гордоста на некој што ви е близок. Спуштете се малку на земја, затоа што некои луѓе што ги сметате за блиски, почнуваат да реагираат. Ако сте сами, викендов ќе биде вистинско уживање за вас. Постои можност да ја сретнете сродната душа на некое место што се наоѓа покрај вода. Овните што се во брак, можно е да се вплеткаат во расправија и да го поминат викендот во меѓусебно кошкање. БИК Дружењето со еден пријател може да ви донесе многу сознанија. Ќе бидете многу инспиративни и креативни и постојано ќе ви доаѓаат идеи како да си ја подобрите финансиската ситуација. Првиот ден од викендот, можен е краток пат. Ако сте сами, можно е да ја сретнете старата љубов, која сега живее далеку. Освен што ќе се вратите на спомените, можно е повторно да ви се разбудат старите чувства. Ако сте во брак, обидете се да се воздржите и да не реагирате на провокациите од партнерот. БЛИЗНАЦИ Искористете го викендот да средите некои работи што ви заостанале. Доколку имате хонорарна работа, ќе морате да одвоите време за исполнување на обврските. Направете мала дистанца со пријателите. Се чувствувате исцрпено и потребен ви е одмор. Ако сте сами, можно е ново познанство со личност со која имате голема разлика во годините. Не избегнувајте ја средбата, затоа што ви претстои исполнет емотивен период. Близнаците што се во брак, викендов ќе имаат многу обврски и ќе се обидат да одвојат малку време за себе.
Слично

Поврзани вести