Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНД ХОРОСКОП 21-22 11 2015 САБОТА-НЕДЕЛА

ВИКЕНД ХОРОСКОП 21-22 11 2015 САБОТА-НЕДЕЛА
  ОВЕН Овој викенд ќе поминете во дружење со пријателите. Моментите поминати во друштво за вас претставуваат вистинско уживање, особено ако меѓу пријателите се наоѓа личност за која сте посебно заинтересирани. Но, овие денови внимавајте на секој збор што го изговарате. Може да се случи несакајќи да кажете нешто што ќе повреди некого во друштвото и тоа да создаде напната атмосфера меѓу вас. БИК Вие сте личност која сака да ужива во секој слободен момент. Но, викендов ќе морате да сработите некои работи што не сте успеале да ги завршите во текот на неделата. Можеби сте земале аванс и парите ќе морате или да ги одработите или да ги вратите. Вие секако ќе сакате да ги одработите. Внимавајте на кого му се поверувате, некои зборови можат да ви се вратат како бумеранг. БЛИЗНАЦИ Денес размислувате да воведете некои новини во домот. Тоа по обичај, на домашните ќе им го соопштите со многу емоции и нема да им дадете простор да го кажат своето мислење. Убедени сте дека секогаш знаете што е најдобро за сите. Ако играте игри на среќа можна е добивка која ќе остане само ваша тајна. Ако планирате да одите на пат, проверете го автомобилот да не ви се случи да останете некаде по пат. РАК Домот и вашето семејство претставуваат центар на вашиот свет и најубаво се чувствувате кога слободните денови ги поминувате со нив. Овој викенд партнерот ќе ви предложи да отидете на кратко патување. Најголемо изненадување ќе бидат парите што тој ги има заштедено токму за оваа намена. Немојте да го критикувате и да кажувате што се можете да направите со тие пари. Опуштете се и уживајте. ЛАВ Ако викендов партнерот ви побара пари за шопинг, најдете некој изговор и ако е можно извлечете се на најдобар можен начин. Партнерот е во фаза кога парите многу лесно му одат од рацете. Може да се случи да донесе безброј работи кои немаат никаква вредност или нешто уште полошо, да ги изгуби. Затоа е подобро да спречите отколку подоцна да имате нервози и непотребни расправии. ДЕВИЦА Викендов ќе се чувствувате како повторно родени. Голем дел од проблемите се зад вас. Имате уште некои помали работи што треба да ги завршите за конечно да можете да здивнете. Затоа овој викенд ќе го поминете во пријатна и опуштена атмосфера со саканата личност. Може да се случи и да отпатувате некаде каде што ќе можете да заборавите на се. ВАГА Денес ќе се договарате со пријателите вечерта да ја поминете во некое кафуле. Вие ќе им го предложите местото каде што сакате да одите, но нема да им образложите зошто токму таму. Тоа ќе остане ваша тајна. Се уште не сте подготвени да им кажете дека таму очекувате да сретнете една личност за која сте заинтересирани. За жал, овој викенд личноста нема да биде таму и вам ќе ви остане само надежта дека ќе ја сретнете следниот викенд. СКОРПИЈА Овие денови ќе ви се најават гости. Не сте многу расположени за дружење, но не можете да избегате од ситуацијата. Се работи за луѓе кои не сте ги виделе одамна и никако нема да можете да ги одбиете. Не ни треба да ги одбивате затоа што тие ќе ви понудат помош во врска со работата. Се работи за проект кој се уште е на почеток, но вие би можеле да бидете дел од него, а тоа ќе ја подобри вашата кревка финансиска ситуација. СТРЕЛЕЦ Ве очекува мала добивка која викендов со задоволство ќе ја потрошите. Внимавајте на што трошите, затоа што може да ви се случи да купите еден куп дребулии кои немаат никаква употребна вредност. Тоа може да предизвика револт кај вашите домашни и да дојде до караница. За да ги одбегнете непотребните стресови, се што сакате да направите, направете го во тајност. На тој начин и вие и домашните ќе бидете задоволни. ЈАРЕЦ Овие денови може ненадејно да отпатувате во странство. Претпоставените одамна ве држат во неизвесност во врска со тој пат и вие веќе се откажавте. Викендот ќе го поминете во подготовки, затоа што се работи за некои нови почетоци кои и се многу важни на фирмата. Освен она што ќе го спакувате за лични потреби, особено внимание посветете им на документите што треба да ги носите. Може да се случи да ги заборавите и да си предизвикате проблеми. ВОДОЛИЈА Сабота и недела се денови за одмор за сите, освен за вас. Ако не ви останала работа која ќе ја донесете дома, вие ги носите канцелариските муабети. Овој викенд ќе ве измачува недоразбирањето со еден од колегите. Вие знаете дека сте во право и не сте направиле ништо лошо, но колегата ве сфатил погрешно и тоа ве вознемирува. Обидете се да не ја пренесувате нервозата на семејството и да ги оставите релаксирано да го поминат викендот. РИБИ Свесни сте дека со своето однесување се оддалечувате од партнерот. Овој викенд ќе сакате да ја поправите грешката и да му посветите повеќе внимание. Но, партнерот ќе почне да чепка по некои забранети теми од минатото и вие повторно ќе се повлечете во себе. Најдобро е следните дваесетина дена да внимавате што зборувате, затоа што секој збор може да биде искористен против вас.
Слично

Поврзани вести