Викенд хороскоп 19 – 20 03 2016 сабота – недела
ОВЕН
Аспектите говорат дека се можни некакви добивки на потрошни материјални нешта преку партнерот, односно зголемување на финансиите поради него или во врска со него. Можеби не само поради неговиот деловен ангажман туку и поради некакви наследства, продажба на негов имот и слично. Неоспорни се чувствата кон партнерот, иако во суштина малку повеќе поседнички од потребното, ако воопшто има место за такви потреби. Но насоката на интересите кон партнерството може да има и други, негативни насоки во зависност од вашите лични хороскопи.
БИК
Во следните десетина дена внимавајте на болести и можности за разболување. Вие вообичаено не слушате никого или поретко тоа го правите, па и овој совет примате го најдобронамерно. Инаку вниманието ќе ви биде насочено кон работата, посебно некакви интелектуални напори на тој план, но и управување со материјалните ресурси, парите на други луѓе, било да ви е тоа работен ангажман или приватна ангажираност. Можности за сексуални врски со личност од спротивниот пол од работа или запознаен преку работа.
Слично
