Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд хороскоп 14 05 – 15 05 2016

Викенд хороскоп 14 05 – 15 05 2016
ОВЕН Најголемиот бенефит што викендов ќе го имате е што постојано ќе бидете во некакви убави ангажмани кои ги посакувате, кои ве прават да се чувствувате корисно, да се остварувате а притоа да се чувствувате и спокојно, да немате негативни набои и тенденции, да сте прилично емотивни кон некого, а притоа и со смисла за хумор, некарактеристично за вас. По љубовните прашања доста срамежливост и повлеченост а многу нешта на тој план нема да ги кажувате, речиси никому. БИК Венера има одличен аспект со Нептун и тој секогаш се карактеризира со многу друштвеност, па така вашиот социјален живот може да биде исклучително активен овој викенд, во саботата посебно, но делувањето на аспектот може да трае се некаде до вторник. Подразбира и многу специјални чувства кон некого, вообичаено кон личност од спротивниот пол, пориви по купување или правење друштво некому и помагање во изборот на нештата кои се купуваат, смислата за хумор силно изразена. БЛИЗНАЦИ Покрај другите аспекти денес на небото кои се карактеристика за викендот, најсилен е аспектот на Венера со Нептун кој кај вас ќе делува на се што ви е од големо статусно значење, па не е чудно ако токму денес односно во сабота решите да потрошите некој денар во купување на некаков предмет или облека, чевли кои имаат и некакво статусно значење, познат бренд се и ќе го потенцираат вашето значење во околината. Или пак истото го потенцирате на некоја забава, на јавно место, со друштво и слично. РАК Месечината има еден куп аспекти кои сите до еден се со позитивни вибрации и претпоставки дека ќе ви овозможат високофреквентни чувства и емоции, а освен тоа под влијание ќе бидете и на аспектот на Венера со Нептун, кој претпоставува многу чувства, емоции, кон сите, но и кон личности од спротивниот пол, многу опуштеност поради смислата за хумор со која ќе ја анулирате напнатоста од чувствата, многу друштвеност, пориви по убави нешта, луѓе и случувања, со еден збор прилично забавен и убав викенд. ЛАВ Аспектот кој е доминантен на небото во следните три и нешто дена, ќе овозможи многу страсти кај вас, љубовни пориви и акции базирани на такви пориви, кои ќе имаат прилично силни еротски и сексуални елементи. Ова се убавите нешта, а оние кои може да не ги есапите е тоа дека ваквите чувства се прилично краткотрајни, па да не ги испомешате канчињата. Нормално, ова се однесува на оние кои се во потрага по партнер или го нашле од неодамна, а за оние кои го имаат, можности за убав викенд. ДЕВИЦА Најголемиот дел од викендот претпоставка е дека ќе го поминете надвор, во некакво постојано движење, ангажираност што и нема да ви паѓа многу тешко со оглед на убавите аспекти и содржини на истите. Ќе се чувствувате важно, исполнето, значајно или некој ќе ви даде на значење што е уште поубаво. Многу насоченост на партнерот кон вас или вие кон него, сеедно. Убавината е дека се можни исклучително нежни и емотивни односи и комуникации, веселост, многу хумор, поминување многу време заедно.
Слично

Поврзани вести