Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд хороскоп 12-13.12.2015

Викенд хороскоп 12-13.12.2015
ОВЕН Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нудат, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на вашите соработници, тие ви сугериираат нешто што за вас е доста корисно. БИК На ваше место би бил доста мирен и тивок за време на викендот, бидејќи какви што се аспектите, тоа најмногу ќе ви одговара, а и на вашата околина. Бидете посебно толерантни кон некои амбиции на личности што ви се подредени, но вие самите не трпите да сте подредени, а може да сте и доста арогантни и заслепени од својата важност и големина, притоа не мислам на физичката, секако. Во однос на партнерските односи, јазикот може да ви е побрз од мислата, а притоа да ја кажувате вистината, но без да бидете повикани да го сторите тоа. БЛИЗНАЦИ Викендов ќе бидете многу неодлучни. Предолгото размислување нема да ви помогне. Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет. Не мора да глумите преголема загриженост, едноставно бидете отворени за разговор. РАК Многу непријатности со некој авторитетен дома, кој ќе се обиде да доминира, да се наметнува, да командува, што може да ве испровоцира, посебно ако се однесува потценувачки кон вашите настојувања на некаков план од ваш голем интерес. Можни се големи кавги со некого од домашните, најчесто со родител, по правило, оној со спротивен пол од вашиот. Можни се одлуки, утре, кои ќе се темелат на приливот на енергија и самодоверба, но мора да внимавате и на нивната издржаност, особено ако сте решени да завртите друг лист. Но со стари сфаќања, концепции и ставови, тешко дека ќе успеете. ЛАВ Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја. ДЕВИЦА Ќе морате да бидете многу претпазливи во вашите проценки, особено на некакви опасни ситуации и со мали деца, можностите за некаква незгода која може да им се случи, вниманието и концентрацијата кон нив, посебно ако сте во близина на некакви машини, апарати или, едноставно, ги оставате во некаков небезбеден простор и притоа сте зафатени со муабети со некого. Ова се однесува на на односите со личност кон која имате многу чувства, но која е ексклузивно арогантна, многу амбициозна, ако не сте и вие такви. Многу, многу и премногу есап во вас за сенешто. ВАГА Немате премногу време за размислување. Со Стрелците и Близнаците постигнувате прилично добра соработка. Ненадејните случувања ве вадат од колосек, и покрај тоа што ви ги изгледаат интересни. Еден Бик се труди да ви излезе во пресрет. Внимавајте на финансиите, трошите премногу. СКОРПИЈА Oва е викенд кога треба да им бидете благодарни и да ги цените луѓето околу вас, а не да ги критикувате. Организирајте нешто убаво за оние кои ги сакате и кои често ве поткрепуваат, а некогаш ве критикуваат со цел да го избегнете правењето на грешки. Соработниците, колегите и шефовите се разочарани од вашата негативност, обидете се да го промените тоа. СТРЕЛЕЦ Денес може да доживеете голема ароганција од некоја личност, која ви се претставува како пријател, а по прашање на пари, финансиска надмоќност. Може да имате проблем со авторитетни, амбициозни личности што не трпат спротивставување, а бидејќи и вие го имате истиот проблем, тоа дава убави можности за многу расправии, ненадејни раскинувања на пријателствата, односи, за проблеми и незгоди поради нервоза, напнат нервен систем, неконцентрација. Незгодите се случуваат ненадејно, па бидете многу претпазливи. ЈАРЕЦ Плутон е во вашиот знак и бара некакви промени, реформи на личните перцепции, но тоа денес може да се манифестира на прилично груб начин, особено ако имате показатели во досегашниот начин на остварување на сопствената амбициозност и интенции да бидете или да ве третираат како успешни, без оглед за која област се работи. Денов може да е прилично напорен, речиси опасен, ако не сте претпазливи, исто како и утрешниот кој, иако со посмирувачки астролошки тонови, може да е далеку од релаксирачки. ВОДОЛИЈА Плановите ви се несредени, матни, можеби не знаете како, но знаете дека сакате, а тоа може да резултира со прилично екстравагантни односи со пријателите, кои можат, исто така, да се настојчиви во нивните планови и идеи како и вие. Впрочем, со кого си таков си, нели. Очекувате некој од вашите пријатели или познајници да ви помогне или да се заземе за нешто за вас, а притоа не помислувате дека и тој го сака или посакува истото, па од пријатели можете да откриете дека, всушност, имате непријатели. РИБИ Викендов ќе бидете прилично нервозни. Напнатоста во вас ќе предизвика конфликти и проблеми, а неодлучноста ќе биде вашиот најголем проблем. Ќе се обидувате на секаков начин да го направите вистинскиот чекор. Но, прво смирете се а потоа концентрирајте се на извршување на обврските. Некоја Водолија ќе ви понуди помош, прифатете ја и заблагодарете и се.
Слично

Поврзани вести