Викенд хороскоп 12 – 13 03 2016
ОВЕН
Во изминатите денови бевте нервозни и посакувавте да ставите крај на многу работи. Овие денови ќе ги искористите да ги наполните батериите и емотивно да закрепнете. Можно е патување надвор од градот. Партнерските односи се стабилизираат и црните мисли ве напуштаат. Обидете се да не покажувате знаци на љубомора, зашто несакајќи ќе си го расипете викендот. Ако сте слободни, некои случувања ќе ве исфрлат од колосек. Ви претстои фатална средба со личност по која потполно ќе ја изгубите главата.
БИК
Викендов ќе бидете исполнети со емоции. Имате потреба да бидете во кругот на семејството. Ако имате деца, поголемиот дел од времето ќе им го посветите ним. Имате чувство дека пропуштате нешто што нема да се врати. Партнерот ќе се однесува по малку неодговорно. Но, вие сте решени да не го забележувате тоа. Живеете во свој свет и не дозволувате да ве исфрлат од рамнотежа. Ако сте сами, можна е средба со една личност од минатото која никогаш ја немате заборавено. Сепак потсетете се на некои заеднички моменти, пред повторно да направите грешка.
Слично
