Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд хороскоп 10 09 – 11 09 2016

Викенд хороскоп 10 09 – 11 09 2016
ОВЕН Некакви ограничувања можат да ви се постават во домот, од страна на едниот родител, може да се ограничувања на вашите манифестации или пориви, а потребата да се биде она што сте може да биде исклучително силна. Можни се и друг вид на случувања во врска со домот или едниот родител на физички и на психолошки план. Можни се остварувања на некакви наследни процеси и активности, на некаква недвижнина или пак некакво вложување во истото во што пријателите ќе ви се најдат со совет или конкретна помош. БИК Викендов ќе бидете исполнети со емоции. Имате потреба да бидете во кругот на семејството. Ако имате деца, поголемиот дел од времето ќе им го посветите ним. Имате чувство дека пропуштате нешто што нема да се врати. Партнерот ќе се однесува по малку неодговорно. Но, вие сте решени да не го забележувате тоа. Живеете во свој свет и не дозволувате да ве исфрлат од рамнотежа. Ако сте сами, можна е средба со една личност од минатото која никогаш ја немате заборавено. Сепак потсетете се на некои заеднички моменти, пред повторно да направите грешка. БЛИЗНАЦИ Викендов ќе се чувствувате осамено и емотивно. Имате потреба за близина и некој да ве сфати, но како сите околу вас да си го нашле своето место и заборавиле на вас. Внимавајте и не паѓајте во очај. Алкохолот воопшто не е решение за вашата моментална состојба. Тој само ќе ве направи уште поемотивни. Партнерот ќе се обиде да ве изненади, но и тоа нема да може да ве оттргне од меланхолијата во која сте западнати. Слободните близнаци ќе имаат повеќе средби и дружења. Можно е да запознаат една личност која живее далеку од нив. РАК Имавте бурна седмица исполнета со работа и работни средби. Атмосферата на работното место беше исцрпувачка и време е да одморите. Имате потреба да отидете надвор од градот, на некое место покрај вода. Таму ќе можете да се смирите и да се подготвите за следниот период. Сепак нема се да биде онака како што сте планирале. Партнерот ќе има некои свои идеи и ќе морате да направите компромис. За ваша среќа немате многу енергија за расправии. Ако сте сами, ќе имате можност за повеќе средби. Која ќе ја одберете зависи од вас. Имате пад на имунитетот, чувајте се од вируси. ЛАВ Првиот ден од викендот ќе го поминете во завршување на обврските кои ги имате. Премногу сте завртени кон себе и воопшто не сте заинтересирани за семејството. Внимавајте и не предизвикувајте неволји. На партнерот му недостасува внимание и време е да го забележите тоа. Ако сте сами, едно дружење преку социјалните мрежи може да ве заинтересира. ДЕВИЦА Овој викенд ќе имате желба да отидете некаде подалеку. Дружењето со семејството надвор од границите ќе ве наполни со енергија и ќе бидете помалку еуфорични. Обидете се да бидете коректни во однос на партнерот. Неговите обиди да ве задоволи наидуваат на ѕид. Ако мислите дека тој тоа не го забележува, се лажете. Личноста што ви се врти во мислите сака авантура и можете да останете разочарани. Затоа бидете прибрани и не рушете си ги односите што веќе ги имате изградено. Ако сте сами, можно е да сретнете личност со која ќе воспоставите совршена комуникација.
Слично

Поврзани вести