Викенд хороскоп 09 04 – 10 04 2016
ОВЕН
Можно е дека ќе одите или веќе сте на некакво кусо патување, можеби и до пријатели или роднини кои не живеат во местото на вашето раѓање, или пак партнерот по деловни обврски да заминува на пат. Можеби другите вршат преголем притисок или влијание на вашите одлуки, па оттаму можеби малку повеќе импулсивност и реакции отколку што вообичаено се очекува или го манифестирате. Совет за викендов е да не започнувате дискусии и расправии во возило со кое управува вашиот партнер или пријател.
БИК
Расположението ви е променливо. На моменти сте ладни и ништо не ве допира, а на моменти ви оди да излезете од кожа. Ова е резултат на нестабилната ситуација на работното место. Викендов ќе се обидете да се одморите, но нема да можете да го скриете расположението. Згора на тоа, еден помлад член од семејството постојано ќе ви задава грижи. Ако сте слободни и се уште ја чекате вистинската љубов, ќе морате да почекате и да се задоволите со кратки авантури.
БЛИЗНАЦИ
Освен што ќе морате да завршите некои обврски во врска со работата, можни се и средби кои ќе внесат новини во следниот период. Полека се стабилизирате, но се уште сте под влијание на стари и заостанати работи. Емотивните односи со партнерот се добри, но највеќе поради тоа што вие не сакате да дојдете во конфликт. Чекате да му помине лошиот период и потоа да седнете и да разговарате. Ако сте слободни и чекате порака од една личност, викендов ќе ја добиете.
РАК
Полни сте со енергија и имате големи планови за викендот. Поголем дел од раковите ќе сакаат да отпатуваат на некое место покрај вода и да ги наполнат батериите за следниот период. Обидете се да ја контролирате љубомората кон партнерот и да не покажувате дека неговата комуникација со една личност толку многу ви пречи. Ако сте слободни, можно е да ви се појави личност со голема разлика во години. Освен годините, проблем може да биде и фактот дека таа личност веќе е во врска. Бидете внимателни.
ЛАВ
Постојано се обидувате да ја поправите финансиската ситуација, меѓутоа наидувате на пречки. Парите што треба да ви пристигнат ги нема. Кога барате објаснување добивате одговор дека се е во ред, но дека ќе морате да почекате. Поради тоа деновиве ќе морате да ги поминете во домашен амбиент. Внимавајте на комуникацијата со еден помлад член од семејството, зашто може да дојде до расправија. Ако сте слободни, преку социјалните мрежи ќе имате убава комуникација со една интересна личност.
ДЕВИЦА
Завршивте поголем дел од работата и имате причина да бидете задоволни. Деновиве можно е да добиете посета од странство или вие да отпатувате на неколку дена. Ако имате намера да патувате, добро чувајте ги документите за да не дојдете во непријатна ситуација. Ако сте во брак, односите со партнерот ви се стабилни и немате причина за грижа. Слободните девици ќе имаат контакт со некој што не живее во нивното место. Можно е да падне договор за средба.
Слично
