Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд хороскоп 06-07.08.2016

Викенд хороскоп 06-07.08.2016
Овен Вашата околина има исклучително важно и позитивно мислење за вас, ќе добиете поддршка и одредени олеснувања. Размислете и за поврзување на деловните и приватните интересни, како добар модел на успех за подолг временски период. Бик Од настаните ќе го извлекувате максимумот, но ни со тоа немојте да се задовлувате. Вие можете повеќе и подобро. Наскоро ќе имате сериозно преиспитување со постигнатите резултати. Морате да бидете силни за да можете да се соочите со вистината. Близнаци Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право. Рак Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост, така да не треба да го губите времето на споредни работи. Лав Ќе ве следат доста променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот, а веднаш потоа ќе му искажувате огромна љубов. На работното место не ќе можете да стигните со обврските. Времето некако ви лизга низ прсти и мора малку да се позанимавате со негова реорганизација. Девица Сте се ускладиле со средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјалните, па до духовните.
Слично

Поврзани вести