Викенд хороскоп 02 04 – 05 04 2016
Овен
Овој викенд нека биде викендот на забавата. Искористете го до максимум за дневни забави и ноќни излегувања. Здравјето е добро, но ви препорачуваме малку повеќе пешачење. Партнерот не го запоставувајте, одвојте еден ден и за него.
Бик
Она што викендов ќе ве израдува, е вкусниот ручек во пријатна атмосфера заедно со најблиските пријатели и семејството. Не претерувајте со консумирањето на прекумерна количина на храна, тоа може да му наштети на вашиот организам. Јадете умерено.
Близнаци
Очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а навечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве повикаа пријателите. Најдете време и за одмор овој викенд.
Рак
Станувате се посигурни во себе и во она што го посакувате. Меѓутоа, многу одолговлекувате со одлуките. Анализата што ја правите може да ви помогне да ја задржите контролата, но може да се случи да пропуштите многу битни нешта. Ако сте во брак или подолга врска, не дозволувајте викендот да ви го расипе љубомората.
Лав
Не е својствено за вас, но секојдневно почнувате да оставате незавршени работи. Чувствувате замор и немате желба да се справувате со проблемите. Овој викенд ќе добиете признание за вашето залагање, но тоа ништо нема да ви значи. Повеќе сакате да добиете материјална сатисфакција околу празни зборови.
Девица
Заборавете на вчерашниот ден и обидете се овој викенд да го започнете со нешто што ви причинува задоволство. Ова е вашиот среќен викенд, па затоа искористете го најдобро што можете и донесете важни одлуки.
Слично
