ВИКЕНД БРИФ: Трошиме на брендови, ќе садиме канабис
Како македонскиот пазар реагира и конзумира „тренди“ светски брендови? Резултатите се навистина импресивни. Очигледно дека Македонците лудуваат по моделите на “Бершка“, „Пул и Беар“, „Масимо“... и другите од продажната линија на „Индитекс“. Верувале или не, домашната фирма што ги застапува и дистрибиура на нашиот пазар лани од продажба инкасирала речиси 21 милиони евра. Сите детали овде.
Првите македонски иновациски милионери ќе ги видиме наскоро. Прилично е самоуверен кога зборува за овој впечаток првиот човек на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Фондот веќе работи на анализа на ефектите од поддршката кај компаниите, но и врз самата економија. Ексклузивно за Фактор открива дека истражувањето покажало дека на пример, просечно годишно зголемување на приходите од работењето на компанијата која имала поддршка е 50 проценти, а во исто време пораснал и бројот на вработени и платите.Целото интервју тука.
Извршителите во 2018 година реалзирале 52.515 барања за присилна наплата, што е рекорд и продолжување на низата на се поголем број на извршени решенија, покажува тукушто објавениот извештај на комората на извршители. Имало 62.515 реализации, односно 6.000 повеќе во однос на претходната година.
Наплатата изнесувала 127 милиони евра, што е една од „најдобрите“ години за извршителите, иако износот е 40 милиони помалку во однос на 2017 година. Целиот текст овде
Нема платформа за проверка колку струја троши јавниот сектор, не се прегледува ниту енергетската ефикасност на зградите во кои се сместени државните институции. Спопред извештајот на Агенцијата за енергетика во 2018 година не бил прегледан ниту еден надзор на издадените сертификати за тоа колку се енергетски ефикасни зградите, ниту пак имало контрола над извештаи за системите на греење и на климатизирање. Деталите на линкот
Опомени пред тужба ќе стасаат на адреса на стотина компании кои имаат долг кон Регулаторната комисија за енергетика. Комисијата веќе објави дека планира да ги извести фирмите должници дека ако не се раздолжат парите ќе ги бара преку нотар. Должници се енергетски компании и водни компании кои имаат лиценци издадени од Комисијата и имаат обврска да плаќаат годишен надомест за тоа. Сепак моментно 109 компании на РКЕ и должат над 300.000 евра. Фактор инфо тука.
Започна сезоната на дивидендите. Април е месец во кој акционерите ќе се „омрсат“ и ќе го добијат заслуженото и чеканото „појачување“ на нивните банкарски сметки. Корпоративна Македонија ќе одбележи уште една година, која е подобра од претходната затоа што системот функционира поефикасно, дивидендите стигнуваат порано, а веројатно ова ќе охрабри и нови инвеститори на нашиот пазар на капитал. Еве детали
Лиценца да водат бизнис со канабис за медицински цели добија 15 компании а постапката на избор траела шест месеци. Кои се фирмите овде.
А.Т.
