Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИКЕНД БРИФ: Како „Уни банка“ лани и одржа лекција на својата конкуренција?Зошто акцијата на „Тиквеш“ е магнет за инвеститори?

ВИКЕНД БРИФ: Како „Уни банка“ лани и одржа лекција на својата конкуренција?Зошто акцијата на „Тиквеш“ е магнет за инвеститори?

„Фершпед“ имаше успешна година. Добивката надмина 1,36 милиони евра, а профитот по акција е 75 евра и тоа е 6 отсто од последната пазарна цена. Ќе добијат ли годинава акционерите дивиденда, по долгогодишниот пост?

Како „Фершпед“ направи приход од 56 милиони евра?

Најголемата македонска шпедитерска компанија лани го зголеми своето пазарно учество за 5 милиони евра и оствари приходи од продажба кои надминаа 56 милиони евра. Приходите на домашен пазар пораснале за 10 отсто однсоно за повеќе од 5 милиони евра, а нето добивката по акција е 75 евра, вест што сигурно ќе ги охрабри инвеститорите и ќе ги зголеми очекувањата на акционерите кои долго време не виделе дивиденда од своето вложување во „Фершпед“.

Ниски банкарски камати: Можат ли да одат уште подолу?

Во постојан пад во последните дестина години е основната камата или каматата по која Народната банка продава благајнички записи кои ги купуваат банките. Минатата недела централната банка објави дека повторно ја намалува оваа камата и таа сега изнесува 2,25 проценти. Сепак не многу одамна оваа стапка беше доста повисока, а имаше години кога каматата беше и двоцифрена. Постојаното олабавување на монетарната политика се должи на околности во домашната економија кои се позитивни. Сепак таа е клучен сигнал и за креирањето на каматната политика на банките. Таа во најголема мера треба да влијае на намалување на каматите на кредитите и на депозитите. Но дали е тоа навистина така? Експертите сметаат дека во последниот период сме сведоци на постојано намалување на каматите, но дека тоа не е соодветниот одговор на сигналите на НБМ.

Државата лани изгубила над 18 милиони евра поради нелегалниот бизнис со режан тутун

Претставниците на тутунската индустрија во земјава предупредија на огромен пораст на нелегална продажба на режан тутун, кој последниве две години веќе може да се најде насекаде, и истовремено предупредија дека поради сивиот пазар на режан тутун, легалниот пазар на тутун ќе претрпи пад повисок од 11 отсто. Ова е алармантно ако се знае дека во периодот од 2015 до 2017 година просечното годишно намалување на пазарот било блиску до 1,9 отсто. Или, поради раст на цените на цигарите од 2015 година наваму, како последица на перманентно зголемување на акцизата, би се очекувало вкупниот пазар да се намалува помеѓу 2 и 4 отсто годишно. Сепак, намалувањето на пазарот во 2018 година е далеку поголемо, а главното објаснување на разликата помеѓу очекуваното и намалување (2 до  4 отсто) и фактичкото намалување (11 отсто) е токму раст на нелегалниот пазар на режан тутун. 

Зошто акцијата на „Тиквеш“ е магнет за инвеститори?

Овие податоци покажуваат дека вложувањето во акции на „Тиквеш“ на среден рок треба да биде добра инвестиција и покрај тоа што цената на таа акција во последниве шест месеци бележи значаен раст и покрај тоа што компанијата досега не дели дивиденда.

Кој направи милијарда денари од продажба на леб, брашно и пецива?

Факт што мора да се истакне е дека „Жито Лукс“ успеал да одржи ниво на продажба како и во 2017 година во услови на силна конкуренција на пазарот, но при тоа има раст за трошоците. Најголемата расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали и тие изнесуваат 10 милиони евра и се поголеми за 7 отсто во однос на претходната година. Минимален раст бележат трошоците за вработените кои изнесуваат 2,5 милиони евра. Оперативната добивка на компанијата е 0,5 милиони евра, а нето добивката е 94.200 евра што е резултат за 10 отсто послаб од 2017 година.

Како „Уни банка“ лани и одржа лекција на својата конкуренција?

Кредитната активност на банката е извонредно голема. Нивото на кредитни пласмани на крај на 2018 година достигнало 227,5 милиони евра и тоа е за 48,8 милиони евра повеќе од 2017 година. Податоците покажуваат дека „Уни банка “ лани ја зголемила својата кредитна позиција за повеќе од 25 отсто што е силен раст и значаен подем во силната конкренција на сегментот на средните банки во земјава.

Слично

Поврзани вести