ВИКЕНД БРИФ: Има ли спас за капиталните инвестиции, „Пензискиот скандал“ ќе ја чини државата уште пет милиони евра
Само 3,53 отсто од предвидените капитални расходи за годинава биле потрошени до крајот на февруари годинава. Февруарскиот извештај за реализација на буџетот покажуваат дека динамиката на слаба реализација на овие трошења која траеше цела мината година продолжува и годинава. Ако во јануари властите успеаја да потрошат 1,1 отсто од предвидените пари, до крај на вториот месец процентот пораснал само до 3,53 проценти.
Има ли спас за капиталните инвестиции, катастрофа и во вториот месец
За годинава Владата предвиде да потроши од буџетот над 422 милиони евра за капитални проекти. Тоа се пари кои се трошат за значајна инфраструктура, за изградба на патишта, болници, училишта, градинки. Сепак впрочем како и во минатото и покрај предвидувањата, парите не се трошеа во целост. Минатата година реализацијата беше катастрофална и покрај ребалансот, сега годината повторно почна лошо. Од парите потрошени се само едвај 15 милиони евра или точно 3,53 отсто.
Кој си купи акции во „Европа“ за 100.000 евра?
Шпедитерската компанија „Макошпед“ вложи 97.570 евра во акции на скопската кондитерска индустрија „Европа“, потврди „Макошпед“ објваувајќи ја оваа информација на Македонската берза за хартии од вредност.
„Макошпед“ акциите ги купи во два наврати и во три трансакции и за секоја од нив плати по 2.800 денари. Купени се вкупно 2.150 акции со право на глас во „Европа“. Сега шпедитерската компанија поседува вкупно 19,9 отсто од акциите на „Европа“ односно 50.850 акции со право на глас. Со последново купување акции „Макошпед“ стана втор по големина акционер во „Европа“.
Како „Гранит“ направи профит од 5 милиони евра?
Единствена светла точка се акциите што „Гранит“ ги купи пролетта лани во „Комерцијална банка“. Нивната вредност значајно порасна и со тој резултат компанијата дојде до ниво на профит од 5 милиони евра. Сепак нето профитот е 29 отсто помал од претходната година.
„Пензискиот скандал“ ќе ја чини државата уште пет милиони евра
Сега од јануари до јуни секој месец овие пари ќе им легнат на сметка, но за нив треба да се исплати и надомест оти не биле навреме распределени. Вкупната сума за придонесите изнесува 14,3 милиони евра или 888 милиони денари, а само за надоместокот ќе се потрошат уште пет милиони евра (304 милиони денари), потврдуваат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) за Фактор.