Одобрена екстрадицијата на Шиповиќ од Виена, австриските сега чекаат на македонските власти
Австриските власти ја одобриле екстрадицијата на претседавачот со општина Центар , Мирослав Шиповиќ. Како што потврдуваат од австриското федерално министерство за правда, уште минатата недела ги известиле македонските колеги, објави 24 вести.
Од Австриското министерство посочуваат дека датумот на екстрадицијата треба да го договорат судот и луѓето од Македонија и очекуваат да се случи следните неколку недели.
Потврда за барањето на екстрадиција на Шиповиќ имаат и во македонското министерство за правда од каде не посочуваат рок за испорачување.
Шиповиќ се сомничи за финансиски криминал тежок 1 милион евра додека бил во раководството на фирмата Машинопромет. Тој е и првоосомничен во случајот „Претседавач“, при што во отсуство му беше одреден притвор додека беше на пат во САД за да присуствува на операцијата на својот син.
Откако беше издадена потерницата , јави дека ќе се врати и тргна кон Македонија, преку Виена. Сепак овде полицијата ја активираше меќународната потерница, па Шиповиќ во екстрадициски протвор во Виена е речиси еден месец.
Слично
