Виенски економски форум: Соработката на државите од регионот води побрзо до ЕУ
Премиерите од регионот кои учествуваат на Виенскиот економски форум во Тирана истакнале дека добрата соработка на државите од регионот е важен фактор за брзото напредување на нивниот пат кон ЕУ и подобрување на економската ситуација, а упатен е и апел за конкретна помош за инфраструктурни проекти.
Домаќинот на собирот во организација на форумот, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека настапила новата ера за Балканот, која предвидува дека земјите од регионот заедно работат на надминување на предизвиците.
Глобалната криза, вели , покажала дека никој не е поштеден и дека дури и најголемите екононии биле погодени од последиците, и затоа треба да се поттикнува свеста на „заедништвото и соработката“.
„Не можеме да одиме сами, туку само заедно, бидејќи економиите ни се вкрстени. Наша заедничка цел е да станеме членки на ЕУ и сум убеден дека тоа е добро за Албанија, регионот и цела Европа. Свесни сме дека тоа не е така лесно, но за да ги совладаме предизвиците мора да соработуваме“, истакна Рама.
Оцени дека Берлинскиот процес, покренат минатата година, генерирал конкретни резултати со граѓаните во процесот на европските интеграции. Во спроведувањето на реформите, приближувањето кон ЕУ, како и спроведување на заеднички инфраструктурни проекти, регионот според неговите зборови очекува помош од Унијата.
Косовскиот премиер Иса Мустафа, кој говорел после премиерот на Србија Вучиќ, исто така, се заложи за соработка во регионот, оценувајќи дека таа е потребна за мир и стабилност.
Заедничката цел е „земјите од регионот да станат членки на семејствата на европските народи“.
Според него, „собирањето во ЕУ на Западен Балкан би било уште поотворено за странски инвестици. „Затоа е потребно да вложуваме во заеднички напори и да ги решаваме проблемите за доброто на граѓаните и во интерес на мирот и стабилноста во регионот“, вели Мустафа.
Премиерот на Црна Гора Мило Џукановиќ подвлече дека нема сомнение дека регионот на Западен Балкан ќе го продолжи патот на целосна интеграција во европските и евроатлантските структури.
Претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ истакна дека земјите во регионот се подготвени на соработка во сите полиња, а посебно во економската област со цел создавање на заеднички пазар.
Премиерот Никола Груевски рече дека сите земји од регионот се ориентирани кон членството на ЕУ, додавајќи дека европската интеграција претставува механизам кој ги забрзува реформите.
Во врска со тоа порачал дека одложувањето не е решение, туку создава нестабилност, наведувајќи го примерот на Македонија, каде одложувањето нанело штета на земјава.
„Да не беше одложувањето мислам дека Македонија не само што ќе беше членка на НАТО, туку и би ги завршила преговорите за членство кон ЕУ, а и многу работи би се случиле на поинаков начин“, истакнал Груевски.
Ги повика европските претставници да внимаваат на пораките кои ги праќаат, бидејќи секоја негативна може да предизвика негативни последици кај граѓаните.
„Еу мора повеќе да се посвети на овој регион, но може повеќе да направи поголема енергија да се посвети кон помагање на регионот да се решат некои прашања и напредувања како би се придружиле кон Унијата“, порачал Груевски велејќи дека регионот и Унијата би имале корист од тоа. За Македонија е важно преговорите да почнат што поскоро, а предложил да се примени примерот на Словенија и Хрватска во спорот на Скопје со Атина.
