Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДОВ КАКО ТАТКОТО И СИНОТ„ПРОЛЕТУВААТ“ ПОКРАЈ МОЈОТ ПРОЗОРЕЦ: Морничави детали од двојното самоубиство раскажува соседот сведок

ВИДОВ КАКО ТАТКОТО И СИНОТ„ПРОЛЕТУВААТ“ ПОКРАЈ МОЈОТ ПРОЗОРЕЦ: Морничави детали од двојното самоубиство раскажува соседот сведок

Страшна трагедија се случи денеска во Бор околу 12 часот, кога таткото Миле Р. и неговиот син Дејан Р. се самоубија скокајќи од прозорецот од нивниот стан на осмиот кат од зградата на улицата 3.Октобар

Сосед на семејството за Курир.рс изјави дека таткото и синот имале проблеми, и дека често се карале.

- Беше страшно, бев многу исплашен. Ги видов како летаат покрај прозорецот, прво помислив дека некој фрла кеси со ѓубре, но кога погледнав низ прозорецот видов двајца мажи во долна облека како лежат - изјави постар сосед.

-Беа проблематични, но никој не се сомневаше дека ќе го направат ова. Господ знае што се случило, дали се степале и паднале, или скокнале заедно.

Според него, прво сите во зградата мислеле дека млад човек бега од некој што го брка, па паднале заедно.

- Дури подоцна дознавме дека се работи за Миле и Дејан. Кутрата мајка на Дејан, Миља, односно сопругата на Миле, била однесена со брза помош. Не знам како ќе издржи ова нејзино кутро срце - вели соседот.


Слично

Поврзани вести