Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видливоста на патниот правец Градско – Негодино намалена на 20 метри

Видливоста на патниот правец Градско – Негодино намалена на 20 метри
Влажни коловози и наместа густа магла е сликата која утринава ги пречека возачите кои транзитираат на патиштата на територијата на Република Македонија. Густината на маглата на одделни места е многу голема што значително ја намалува видливоста и го одтежнува управувањето на моторните возила. Густа магла е забележана на патот Градско – Неготино каде видливоста е ограничена на 20 – 30 метри. На патот Неготино – Демиркапија видливоста е меѓу 100 и 200 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по наместа  влажни коловозни ленти. Од АМСМ известуваат и дека на одделни места забележани се и помали одрони. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината на условите на патот. Возачите имаат обврска во своето возило задолжително да поседуваат зимска опрема.
Слично

Поврзани вести