(ВИДЕО) КРВАВ ПРОТЕСТ: Во бугарско Габрово уапсени девет лица по судир со полицијата
Во градот Габрово, Бугарија вчера вечер се одвиваа протести поради претепувањето на вработен во продавница од страна на тројца роми. Нападнатиот завршил со тешки телесни повреди во болница. Граѓаните револтирани од настанот излегле на протести како знак на револт поради инцидентот. Меѓутоа демонстрантите се судриле со полицијата во текот на ноќта и како последица на тоа биле уапсени девет лица.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, протестот започнал мирно, но по неколку часа, одноно кога неколку лица од собирот се упатиле кон ромската населба во Габрово почнале да фрлаат со камења кон неколку куќи во населбата и продолжиле со скандирање на погрдни зборови кон ромите, но во тоа биле спречени од полицијата.

Градоначалничката на Габрово ги повикала партиите да не ја користат ситуацијата за свои партиски цели, бидејќи како што вели таа проблемот со ромите во Бугарија е голем и е проблем на цела држава.
