Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) Србите втор ден на нозе ја оспоруваат победата на Вучиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Србите втор ден на нозе ја оспоруваат победата на Вучиќ

Во неколку српски градови и вечерва има протести на незадоволните од резултатите од претседателските избори.

Протестот во Белград почна околу 18 часот пред зградата на Парламентот на Србија, а во исто време стотици млади луѓе се собраа во кампусот на Универзитетот во Нови Сад. Белград е блокиран, запалени се факели, а демонстрантите маваат со шишиња. Освен младите, имаше и повозрасни граѓани кои се приклучија на протестите. 

Протестите се организираат преку социјалните мрежи и нема партиски обележја.

Протести имаше и вчера во Белград, Нови Сад и Ниш. Александар Вучиќ кој победи на претседателските избори изјави дека во Србија секој има право да го искаже своето мислење. Додаде дека оние кои имаат време излегуваат да протестираат, а другите се фокусирани да работат за добро на државата. 

„Ние сме демократска земја и секој има право да биде среќен или несреќен поради изборните резултати. Замислете кога јас би ги повикал сите свои симпатизери да одиме да славиме“- рече Вучиќ.

Засега не е познато кој е организатор на протестите.


Слично

Поврзани вести