Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО)КАТАСТРОФАТА ВО СУЕЦКИОТ КАНАЛ ВИДЛИВА И ОД ВСЕЛЕНАТА: Џиновскиот карго брод поместен за неколку сантиметри, не се знае кога ќе заплови

(ВИДЕО)КАТАСТРОФАТА ВО СУЕЦКИОТ КАНАЛ ВИДЛИВА И ОД ВСЕЛЕНАТА: Џиновскиот карго брод поместен за неколку сантиметри, не се знае кога ќе заплови

Египетската администрација на Суецкиот канал синоќа објави дека 321 брод се уште чекаат да поминат низ теснецот, откако нивниот поморски пат беше блокиран уште во вторникот кога се заглави огромниот јапонски карго брод „Евергрин“.

Блокадата ја запре трговијата за повеќе од 400 милиони долари на час, а меѓународните тимови за спасување и американските воени експерти ги здружија напорите за да го ослободат пловилото. Последното видео снимено од сателит во вселената покажува влечење од страна на работници кои се обидуваат да го ослободат товарниот брод, и засега тој е поместен само неколку сантиметри. Се уште нема проценки кога би можел повторно да заплови. 


Слично

Поврзани вести