(ВИДЕО+ФОТО) КАМЕЊА, ШИШИЊА, СОЛЗАВЕЦ: Грците бесни поради новото име на Македонија
Mаскирани демонстранти денеска се судрија со полициските сили во грчкиот град Солун, за време на протестестот против Договорот од Преспа.
За нив Македонија е грчка, а политичарите се предавници. Ситуацијата ескалираше откако демонстрантите почнаа да фрлаат молотови коктели кон полицијата, која мораше да употреби солзавец и шок бомби за да ги растера и спречи да влезат во зградата од Меѓународниот саем на кој присуствува премиерот Ципрас. Тоа дополнително ги разлути демонстрантите кои продолжија да фрлаат со камења и шишиња.



Демонстрациите се организирани од грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“ кои се противат на договорот од Преспа. Тие се организирани откако во Македонија зачестија посетите на западните дипломати за поддршка на престојниот референдум.
