(ВИДЕО+ФОТО) ХАОС ВО СРБИЈА: Се трага по брачна двојка чија куќа е поплавена
Спасувачите во Србија трагаат по брачен пар кој останал заробен во својот дом.
Не е позната судбината на брачниот пар Богојевиќ, кој според последните информации останал во нивниот дом, по излевањето на реката.


Како што јавува РТС, станува збор за постари луѓе.
Бидејќи не можеле да се спасат со чамец, пожарникар се спуштил од хеликоптерот до покривот на куќата за да ги пронајде луѓето. Тој останал во куќата околу десетина минути, но не ги пронашол, јавуваат медиумите.
Поради поплавите прогласена е вонредна состојба во седум општини каде 500 домаќинства се под вода, оштетени се седум мостови, евакуирани се 48 лица, а едно лице е спасено. Најзагрозени се Осечина, Крупањ, Лозница, Љубовија, Мали Зворник, Косјериќ.
Слично
